Ekipa
04 Јули 2017•Ажурирај: 05 Јули 2017
АЛЖИР (АА) - Властите на Алжир соопштија дека повеќе од 5.000 Африканци се членови на терористички организации на африканскиот континент и надвор од него, јавува Anadolu Agency (AA).
Премиерот на Алжир, Абдулмеџид Тебун, е еден од учесниците на 29. Самит на Африканската унија, кој се одржува во Етиопија.
Според алжирската новинска агенција „APS“ (AПС), алжирскиот премиер на самитот поднел извештај во којшто се наведува дека повеќе од 5.000 Африканци од различни националности учествуваат во редовите на терористички организации на африканскиот континент и надвор од него.
Во извештајот се истакнува дека овие лица по враќањето во своите земји или во некои други подрачја, ќе бидат голем проблем за Африка.