Dmitri Chirciu
20 Февруари 2018•Ажурирај: 22 Февруари 2018
АНКАРА (AA) - Францускиот актер Жерар Депардје одлучи од Русија да се пресели во Алжир, јавува Anadolu Agency (AA).
Депардје во интервјуто за францускиот весник „La Provence“ рече дека сака да се пресели во Алжир, којшто често го посетува. „Наскоро ќе започнам да живеам во Алжир како Ерик Кантона. Го избрав Алжир бидејќи е прекрасна земја“, вели тој.
Шеесет и деветгодишниот актер, потенцирајќи ја француската инвазија на Алжир во 1830 година, го додаде следното: „Алжирците се умен народ што бил угнетуван од неука армија во 1830 година“.
Депардје ги опиша Алжирците како „луѓе со голема толеранција“, а не наведе ништо за алжирското државјанство.
Францускиот актер, кој во минатото се пресели во Белгија поради зголемувањето на данокот на имот во Франција, исто така, доби руско државјанство во 2013 година. Депардје, минатата година даде интервју во кое рече дека има 50 хектари лозје во Алжир.