?kipa
11 Април 2018•Ажурирај: 11 Април 2018
АЛЖИР (АА) - Најмалку 257 лица загинаа денес кога воен авион се урна во близина на главниот град на Алжир, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението издадено од Министерството за одбрана се вели дека авионот се урнал во поле во близина на воената база „Бофарик“ во покраината Билда, на оддалеченост од околу 32 километри од главниот град.
Воениот авион бил упатен кон Бечар во југозападниот дел на Алжир.
Началникот на Генералштабот на алжирската армија, полковникот Ахмед Гаид Салах, нареди истрага во врска со несреќата.
Од Министерството не го дадоа бројот на загинатите лица во несреќата, но официјалната телевизија на Алжир пренесе дека бројот изнесува 257.
Локалните медиуми јавуваат дека авионот превезувал десетици војници и воена опрема и дека се урнал набргу по полетувањето.
На снимките објавени на интернет се гледа уништено летало и голем чад.