Ruslan Rehimov
11 Април 2018•Ажурирај: 11 Април 2018
БАКУ (АА) - Во Азербејџан започна процесот на гласање за Претседателските избори за нов претседател кој ќе ја води земјата во наредните седум години. На изборите учествуваат осум кандидати за претседател, меѓу кои е и актуелниот претседател на земјата, Илхам Алијев, јавува Anadolu Agency (AA).
Отворени се вкупно 5.641 кутии во земјата и во странство за избирање на новиот претседател.
Според последните податоци, регистрирани се 5 милиони и 309 илјади гласачи. Државјаните на Азербејџан кои живеат во странство, ќе можат да гласаат во амбасадите на Азербејџан во земјите во кои се наоѓаат.
Изборите ќе бидат набљудувани од 58.175 локални и 890 странски набљудувачи од 60 меѓународни организации од 59 земји. Исто така, покрај локалните медиуми, изборите ќе ги следат и 118 странски новинари од 21 земја.
Жителите на Азербејџан ќе имаат можност да гласаат до 19.00 часот по локално време.
На изборите, покрај актуелниот претседател Алијев, кандидати за претседател се: Кудрет Хасангулијев, кандидат на партијата „Обединет народен фронт на Азербајџан“; Араз Ализаде, кандидат на „Социјалдемократската партија“; Ферек Квулијев, кандидат на партијата „Движење на национална преродба на Азербајџан“; Рази Нурулајев, кандидат на опозицијата од „Народниот фронт на Азербајџан“; Хафиз Хацијев, кандидат на „Партијата на современа еднаквост“; Сердар Мемедов, кандидат на „Демократската партија“, како и независниот кандидат Захид Оруч.