Övünç Kutlu
09 Ноември 2016•Ажурирај: 10 Ноември 2016
ЊУЈОРК (АА) - Вредноста на доларот синоќа падна во однос на другите главни валути, откако стана познат резултатот од претседателските избори во корист на Доналд Трамп, јавува Anadolu Agency (AA).
Кандидатот на републиканците ја победи кандидатката на демократите, Хилари Клинтон, во клучните земји, така што неговата партија ја презеде контролата во двата дома на Конгресот.
Вредноста на доларот падна за 0,75 отсто во однос на британската фунта, на 0,79 поени во 06.15 часот според Гринич.
Зелената банкнота изгуби 1,75 отсто во однос на еврото на 0,89 поени, 0,3 отсто во однос на кинеските јуани на 6,76 поени и 2,8 отсто во однос на јапонските јени на 102,4 поени.
Според аналитичарите, се смета дека изборот на Трамп за претседател, во споредба со Клинтон, создава поголема неизвесност за светските пазари.
Главните индекси на Волстрит исто така се намалија откако берзата беше подготвена за победа на Клинтон и кои забележаа пораст во последните два дена.
Индексот на Доу падна на 750 поени, или 3,3 отсто.
Индексите на „Стандард и Пурс“ и „Насдаг“ се намалија на 5 отсто, пред да запре трговијата.