Besar Ademi
09 Ноември 2016•Ажурирај: 10 Ноември 2016
СКОПЈЕ (АА) - Стопанската комора Македонија–Русија и „Македонска куќа“ (Деловен субјект на Руската Федерација) од Москва, во Скопје потпишаа договор за соработка за зголемување и балансирање на трговската размена на Република Македонија со Руската Федерација, јавува Anadolu Agency (AA).
Моментално, македонската комора во Руската Федерација главно извезува производи од секторот агро-храна и фармација, но според потпишувачите на соработката, постојат можности и за пласман на производите од други различни области на индустријата, како и воспоставување односи за соработка со руските компании.
Претседателот на Стопанската комора Македонија-Русија, Ѓорѓи Дика истакна дека фокусот е насочен во областа на туризмот, земајќи го за пример фактот што во август оваа година, само 551 руски посетители ја посетија Македонија, што значи 0,9 проценти од вкупниот број туристи што ја посетија земјава.
„Стопанската комора Македонија-Русија претставува еден мост што го врзува македонскиот пазар со големиот пазар на Руската Федерација. Со потпишувањето на денешниот договор, ние сме сигурни дека овој мост уште повеќе ќе го прошириме и ќе го засилиме. Ние со рускиот партнер ќе ги интензивираме директните контакти со луѓето од бизнис фелата“, изјави Дика.
Од друга страна, генералниот директор на „Македонска куќа“, Ина Закхарова-Владимировна соопшти дека институцијата што таа ја води е основана оваа година, со единствена цел да им помогне на македонските производи да се појават на рускиот пазар.
„’Македонска куќа’ од Москва ќе се обидува колку што е можно повеќе да ја поддржува соработката со Македонија во трговската област, индустријата и туризмот. Заедно со нашиот сојузник-партнер, Стопанската комора Македонија-Русија, ќе работиме за зголемување на трговската размена меѓу овие земји“, изјави Владимировна.
Според податоците од Државниот завод за статистика, обемот на трговијата на Република Македонија со Руската Федерација на крајот од септември забележал пад за 12,2 проценти. Во овој период, двете земји заемно тргуваа стока во износ од 32,2 милиони долари, а предходната година оваа бројка изнесуваше 147,6 милиони американски долари.
Во овој период, македонските компании пласираа за 8,9 милиони долари повеќе производи на големиот руски пазар, коишто е под санкции од дел од меѓународната заедница, извезувајќи производи во износ од 32,2 милиони долари, износ што минатата година изнесуваше 23,3 милиони долари. Но, увозот од Русија во Македонија падна за околу 21,7 проценти.
Имајќи го предвид зголемувањето на извозот и брзиот пад на увозот, падна и трговскиот дефицит на Република Македонија во однос на Руската Федерација, кој во овој период изнесува 65 милиони долари. Претходната година тој изнесуваше 101 милион долари.