Ekipa
10 Ноември 2016•Ажурирај: 10 Ноември 2016
ПЕКИНГ (АА) - Продажбата на автомобили во Кина во октомври се зголеми за 20,3 отсто во однос на истиот период минатата година, а најголемиот скок е забележан во побарувачката на спортско-теренските возила, јавува Anadolu Agency (AA).
Здружението на произведувачи на авомобили на Кина, денес објави дека дилерите во октомври продале 2,3 милиони автомобили, комбиња и СУВ возила на најголемиот автопазар на светот. Вкупната продажба на автомобили, вклучувајќи камиони и автобуси се зголеми за 18,6 отсто, што изнесува 2,6 милиони продадени единици.
Растот на продажбата на автомобили падна минатата година, но се подобри откако Пекинг одлучи да го укине плаќањето данок на промет. Сепак, се очекува дека растот на продажба ќе падне на едноцифрен број кон крајот на оваа година, кога ќе истече одлуката за укинување на плаќање данок.