Amina Zorniç
28 Февруари 2016•Ажурирај: 29 Февруари 2016
МЕКСИКО СИТИ (АА) - Двајца поранешни мексикански претседатели го споредија актуелниот републикански кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп со нацистичкиот лидер Адолф Хитлер, поради реториката за време на изборната кампања, јавува Anadolu Agency (АА).
Според британскиот "Gardijan", Фелипе Калдерон, кој претседателствуваше со Мексико во периодот од 2006 - 2012 година, синоќа изјави дека реториката на Трамп е „расистичка и потсетува на нацистичкиот диктатор”.
„Реториката која ја велича супериорноста на белците не е само антимиграциона реторика. Тој зборува против мигрантите кои имаат различна боја на кожата од него, тоа е експлицитно расистички. Тој ги изразува чувствата како Хитлер во свое време”, изјави Калдерон.
„Поттикнувањето на омраза од страна на Трамп не е во интерес на Вашингтон”, рече Калдерон.
Претходникот на Калдерон, Висенте Фокс, во интервју за CNN, исто така го спореди Трамп со Хитлер, додавајќи дека ако Трамп стане претседател, земјата ќе се врати во времето на конфликти.
„Тој ќе ги врати САД во деновите на судири и војна. Тоа ме потсетува на Хитлер. Тој така се однесува. Го навреди Мексико, Мексиканците и мигрантите. Тој го навреди папата го навреди и кинескиот народ. Сите ги навреди”, рече Фокс.