Ekipa
25 Мај 2016•Ажурирај: 25 Мај 2016
АЛБАКЕРКИ (АА) - Претседателскиот кандидат од Републиканската партија на изборите во САД, Доналд Трамп, во вторникот навечер организираше собир во Њу Мексико кое заврши со насилство кога демонстрантите со запалени маици и пластични шишиња фрлаа по полицијата, превртуваа контејнери и ја соборија барикадата, додека пак полицијата одговори со испалување на солзавец и димни бомби, пренесува Anadolu Agency (AA).
Трамп донесе убедлива победа на изборите во Вашингтон, но веселбата беше расипана во Њу Мексико, каде што демонстранциите пред конгресниот центар каде што се одржуваше собирот, ескалираа во насилство.
За време на говорот на собирот, републиканскиот политичар беше прекинуван од страна на демонстрантите, кои извикуваа слогани против него и носеа транспаренти кои припадниците на безбедносните сили се обидуваа да ги тргнат. На банерите, меѓу другото, пишуваше „Трамп е фашист” и „Слушнавме доволно”.
Американските медиуми објавија дека во даден момент жена била влечена од трибината од страна на обезбедувањето. Другите демонстранти се судрија со безбедносните сили бидејќи одбивале да го напуштат центарот исполнет со поддржувачите на кандидатот на републиканците.
Трамп одговори на свој вообичаен начин. Нареди обезбедување да ги отстрани демонстрантите, исмејувајќи ги и велејќи им да „одат дома кај нивните мајки”.
Ова беше првата станица на турнејата на Трамп после Њу Мексико, каде што живеат најмногу шпански граѓани.