Alma Çekovic
10 Мај 2016•Ажурирај: 11 Мај 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Потенцијалниот републикански кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, кој повика на забраната на влез на муслимани на САД, најави дека, доколку биде избран за шеф на Белата куќа ќе направи исклучок за новиот градоначалник на Лондон, Садик Кан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Канцеларијата на Трамп која ја води неговата предизборна кампања кон крајот на минатата година во напишано соопштение ја пренесе неговата изјава во која тврди дека поголемиот број на муслимани во светот ги мрази Американсците и дека САД би требал да ги затвори границите за сите муслимани додека американските власти не го решат тој проблем.
Сепак, во понеделник ја измени приказната велејќи дека Кан станал градоначалник на англиската престолнина и дека тој е таква врста на муслиман за кој би можел да направи исклучок.
„Секогаш ќе постојат исклучоци. Бев среќен кога го видов тоа. Мислам дека е многу добра работа што Кан стана градоначалник и се надевам дека ќе работи многу добра работи, бидејќи, искрено, тоа би било многу, многу добро", изјави Трамп за "The New York Times".
Изјавите на Трамп следуваа откатко новоизбраниот лондонски градоначалник во интервјуто за "Time Magazine" сопшти дека ќе го посети САД пред актуелниот американски претседател да ја напушти Белата куќа, бидејќи, доколку Трамп стане претседател, би можел да му забрани влез во земјата.
„Сакам да го посетам САД и да воспоставам соработка со градоначалниците на американските градови и со нив да разменувам идеи. Доколку Трамп стане претседател нема да можам да отидам таму поради мојата вера", изјави Кан.