Ali Demir
10 Мај 2016•Ажурирај: 11 Мај 2016
ИДЛИБ (АА) - Според првичните информации, во напад на пазар кој го изведоа воздушните сили на сириската војска лојални на режимот на Башар ал-Асад, во областа Биниш во провинцијата Идлиб загинати се 10 лица, а 25-мина се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјалниот претставинк на цивилната одбрана на Биниш, Мухамед Али, изјави дека авион на режимот на Асад бомбардирал пазар во областа Биниш, на исток од Идлиб, кој е под контрола на опозицијата.
Претставникот на цивилната одбрана Али истакна дека во нападот во кој животот го загубија десеттемина цивили и 25 лица се ранети, се наоѓале жени и деца и додаде дека екипите на цивилната одбрана ги префрлиле ранетите лица во болница, меѓу кои имало и потешко повредени.