Ekipa
28 Февруари 2016•Ажурирај: 28 Февруари 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Швајцарските гласачи денес излегуваат на референдум предложен од страна на десничарската националистичка партија, а кој доколку помине, ќе значи автоматска депортација на странци кои ќе извршат и најмало кривично дело, јавува Anadolu Agency (AA).
Овој референдум следува по неколкуте иницијативи во изминатите години кои ги нагласуваа „построгите мерки” против странците.
Според последните анкети, исходот на референдумот е неизвесен, со тоа што речиси половина од граѓаните ја поддржуваат иницијативата на Швајцарската народна десничарска партија (SVP), која се залага за „протерување” на странци од земјата, без оглед на тоа колку долго тие живееле во Швајцарија.
Законот кој е предложен од страна на КЗК се однесува на протерување на странци за кривичните дела силување, убиство, трговија со луѓе како и фалсификување на документи и вандализам.
Таквите „мерки", според Швајцарската народна десничарска партија, ќе ја намалат стапката на криминал во земјата. Полициските податоци од 2014 година покажуваат дека повеќе од половината осудени лице за сторено кривично дело биле странци.
Некои критичари во последните неколку дена остро го критикуваа референдумот, истакнувајќи дека со неговото донесување ќе се наруши демократскиот концепт на Швајцарија.