Ekipa
01 Јуни 2016•Ажурирај: 02 Јуни 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Денес ќе биде одржана свечена церемонија со која ќе биде прославен крајот на работата на изградба на тунелот долг 57 километри низ Алпите. Своето присуство на отворањето го најавија лидерите на Германија и Франција, Ангела Меркел и Франсоа Оланд, пренесува Anadolu Agency (AA).
За неговата изградба беа потребни 17 години и чинеше околу 11,8 милијарди евра, но Швајцарија е конечно спремна да го отворио најдолгиот железнички тунел на светот.
Тунелот има за цел да го намали времето на патување, да го олесни автомобилскиот сообраќај и да ја намали фреквентноста на сообраќајот на камионите кои претставуваат големи загадувачи на линијата помеѓу северниот и јужниот дел на Европа. Кога ќе биде отворен за комерцијален сообраќај во декември, двосмерниот тунел ќе има капацитет од 260 теренски и 65 патнички возови дневно.
Швајцарскиот тунел "Gotthard" го засени јапонскиот "Seikan" кој со 53,8 километри до сега беше најдолг на светот.