Ekipa
02 Ноември 2016•Ажурирај: 02 Ноември 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Швајцарската полиција спроведе рација во една џамија во швајцарскиот град Винтертур, во кантонот Цирих, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата рано утринава се огласи со соопштение во кое истакнува дека рацијата се спроведува во џамија Ан Нур, и дека се очекува во врска со тоа да се огласи и обвинителот во Цирих.
Швајцарскиот весник „Тагес анцајгер“ пишува дека полицијата го истражува новиот имам на џамијата, кој е од Сомалија.
Се наведува дека голем дел од момчињата што во минатото ја посетувале џамијата, отишле на боиштата во Сирија и во Ирак и се бореле од страната на ДЕАШ.
По бранот бомбашки напади што го потресуваат европското тло во последниве години, швајцарските власти ја зајакнаа контрола и надзорот над „сомнителните лица кои можат да предизвикаат насилство“.