Zülfiya Yakup
11 Март 2016•Ажурирај: 12 Март 2016
ПРИШТИНА (АА) - Министерството на Безбедносните сили на Косово соопшти дека денес на граничен премин Блаце помеѓу Косово и Македонија е уапсен Гафур Дуголи, директор на Канцеларијата за протокол на ова министерство по потерница на Интерпол, а на барање на Србија, јавува Anadolu Agency (AA).
Дуголи го бара Србија поради наводни воени злосторства во текот на периодот кога тој бил припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК).
"Денес во 11.45 часот на македонскиот граничен премин Блаце, полицијата на Македонија го уапси Гафур Дуголи, директорот на Канцеларита за протокол во Министерството за Безбедносни сили на Косово, кој по службена должност одеше да ги регулира визите во Амбасадата на САД во Скопје", се наведува во соопштението на Министерството за безбедносни сили на Косово.
Се додава дека ова не е прв случај да се задржуваат на граници и аеродроми на различни земји поранешни војници на ОВК, иако чистата борба на ОВК е докажана и на предолгите судења во Хаг.
Државните органи на Косово интензивно се бават со апсењето на Гафур Дуголи, а имаме доверба во државните органи на Македонија дека ќе имаат разбирање и ќе го ослободат Дуголи, се наведува во соопштението.
Во врска со апсењето на Гафур Дуголи реагираше и Владата на Република Косово која во својата реакција изрази загриженост за апсењето на директорот на Канцеларијата на Протоколот на Министерството на безбедносните сили на Косово од страна на македонските власти барајќи негово итно ослободување.
Косовската влада во писмената реакција ја повикува Република Македонија и сите соседни земји и пошироко, да не преземаат полициски акции против граѓаните на Република Косово, врз основа на листите на Србија, кои се направени во спротивност со полноправни акти и практики на меѓународното право.