Murat Karadağ
02 Ноември 2016•Ажурирај: 02 Ноември 2016
ДЕ МОЈН (AA) – Загинаа двајца полицајци во оружен напад во градот Де Мојн, во сојузната држава Ајова во САД, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од полициската станица во Де Мојн е наведено дека врз основа на пријава за оружен судир, екипата се упатила на местото на настанот, каде што затекнала еден застрелан полицаец, при што било побарано засилување.
По 20 минути пристигнала екипата за засилување, но тие се соочиле со уште еден застрелан полицаец.
Во изјавата е потврдена смртта на двајцата полицајци, а во врска со напаѓачите, нема никаква информација.