Amina Zorniç
02 Јуни 2016•Ажурирај: 02 Јуни 2016
БЕРЛИН (АА) - Најмалку пет лица ги загубија животите во поплавите кои изминативе дена го погодија југозападниот дел на Германија и централна Франција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Официјални лица тврдат дека станува збор за најголемите поплави кои ја погодиле земјата во последните стотина години. Сè уште нема службена потврда за тоа на колку се проценува штетата предизвикана од водените буици.
Станбените и деловни објекти претпеа големи оптоварувања додека на населението му се заканува и лизгање на земјиштето. Војската ангажираше хеликоптери со кои го превезува населението во приватните центри.
Најзагрозеното подрачје во јужна Германија е Ротал Ин во југоисточниот дел на Баварија, каде што е воспоставен таканаречен „центар за катастрофи” каде што се згрижува населението. Потврдена е смртта на четири лица.
Mинистерот за внатрешни работи, Бернард Казенев, потврди дека во Франција се изведени над 8.000 акции за спасување во ноќта средата кон четвртокот, во близина на Париз. Во поплавите загина едно лице, 86-годишна старица, чие тело е пронајдено во нејзината поплавена куќа во Супес-сур-Лоинж.
Реките се излија од своите корита и во Лоирета каде што изминативе три дена паднаа повеќе врнежи од дожд колку што вообичаено паѓа за седум недели, тврдат метеоролозите.