Nuray Tunçay
16 Јуни 2016•Ажурирај: 17 Јуни 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Швајцарскиот парламент го усвои законот за повлекување на апликацијата за членство во ЕУ, која била поднесена 1992 година, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста која се појави во швајцарските медиумите, Федералниот парламент оцени дека е „бесмислена" понатамошна примена на апликација која е „неактивна".
Министерот за надворешни работи на Швајцарија, Дидиер Буркхалтер, рече дека апликацијата за членство во ЕУ е „невалидна" и ќе биде повлечена.
Швајцарија својата апликација за членство во ЕУ ја поднесе на 20 мај 1992 година, но истата година на распишаниот референдум, 50,3 отсто од учесниците се изјасниле против. Врз основа на добиените резултати, Владата на Швајцарија ги замрзна преговорите со ЕУ, но апликацијата не била повлечена.