Erkan Avci
16 Јуни 2016•Ажурирај: 17 Јуни 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот државен секретар, Џон Кери, изјави дека до договорениот прекин на судирите во Сирија треба да се придржуваат и режимските сили, и порача дека САД нема да дозволи тој договор да се користи како инструмент на едната страна да стекне предност на теренот, јавува Anadolu Agency (AA).
За време на официјалната посета на Осло, Кери се состана со шефицата на норвешката дипломатија Ерна Солберг.
Една од темите на разговор беше ситуацијата во Сирија, а Кери по состанокот ги повика сите страни во Сирија да го имплементираат договорот за прекин на судирите кои на сила стапи кон крајот на јануари.
„Тој договор, според опозициските сили, се однесува и на Асадовиот режим. Како што зборував и претходно, од првиот ден постојат проблеми режимот да се придржува до договорот барем на еден ден, посебно во Алепо и Латакија. Ние јасно дадовме до знаење дека нема да седиме со скрстени раце додека не се утврдат детали каде, како, и кој ќе го имплементира примирјето, а и додека Асад со поддршка на Русите продолжи со нападите. Сметаме дека можеме да издржиме додатни притисоци на сите страни. Уверени сме дека седнувањето на преговарачка маса во Женева е единствен начин за започнување на легитимна транзиција во Сирија” , изјави Кери.
Истакнувајќи дека постои пат за почеток на таквиот процес, Кери истакна дека наредната недела потребно е да се вложат големи напори да се тргне во тој правец.
„САД нема да седи со скрстени раце додека една од страните на договорот се обидува да стекне предност на теренот на начин на кој го загрозува тој договор. Нема да дозволиме договорот за прекин на огнот да биде користен како инструмент на борбата. Во врска со тоа, Русија и сите други мора да одлучат дали ги интересира ситуацијата во Сирија и дали ќе бидат сериозни во имплементацијата на резолуциите на Советот за безбедност на ОН”, изјави Кери.