Bayram Altuğ
16 Октомври 2016•Ажурирај: 17 Октомври 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Шеф на надзорниот орган на финансискиот пазар во Швајцарија, Марк Брансон, соопшти дека 15 банки во таа земја се ставени на „црвената листа” поради сомнеж дека вршеле „перење на пари” , јавува
Брансон за швајцарските медиуми изјави дека паричната казна која ФИНМА ја одреди на банките поради перење на пари не е доволна.
„Видовме дека кршењето на прописот продлжи да се врши и покрај тоа што одредени колеги на банките и дале високи казни. Овие казни не ги плаќаат службениците на банките туку акционерите”, додаде Брансон.
Тој истакна дека е тешко да се следат паричните извори на клиентите на 15 банки кои се на „ црвената листа” и под надзор на ФИНМА.
Иако не сакаше да ги открие имињата на банките кои се наоѓаат на листата, Брансон изјави дека има и мали и поголеми банки.
Брансон потсети дека од 2009 година до денес е укината работната дозвола на околу 30 банки во траење од петок години.