Bayram Altuğ
12 Јануари 2017•Ажурирај: 12 Јануари 2017
ЖЕНЕВА (АА) - Меѓународната конференција за Кипар која се одржува денес, во Женева, во рамките на преговорите за кипарското прашање, со цел да се најде трајно решение по предлогот за обединување на двата дела на островот, започнати на 15 мај 2015 година, јавува Anadolu Agency (AA).
На историската конференција која се одржува во седиштето на ОН во Женева, ќе присуствуваат Мустафа Акинџи, претседателот на Република Северен Кипар, Никос Анастасијадис, лидерот на Јужен Кипар, и во име на земјите-гаранти, турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу и неговите колеги од Грција, Никос Коцијас и од Велика Британија, Борис Џонсон.
Конференцијата на која ЕУ има статус на „специјален набљудувач“ ќе ја отвори генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.
Главна тема на конференцијата ќе биде една од шесте основни точки на кипарското прашање за „безбедност и гаранција“, а територијалната поделба нема да биде предмет на дискусија.
Во соопштение од ОН се вели дека конференцијата ќе започне во 11.15 часот по локално време.По паузата во 13 часот, во 14.45 Гутереш ќе организира конференција за медиумите на којашто ќе присуствуваат и кипарските лидери. Сите сесии ќе бидат затворени за медиумите, а во 18.00 се очекува повторна средба на страните.
Акинџи исто така ќе се состане и со Џонсон и со британскиот министер надлежен за Европа и Америка, Алан Дункан.
Швајцарската полиција презеде високи безбедносни мерки во близина на хотелот во кој престојува делегацијата и во близина на зградата на ОН. Првиот ден од преговорите кои во Женева започнаа на 9 јануари, се разговараше за имотот и за поделбата на надлежностите и администрацијата.
Откако не вродија со плод преговорите за кипарското прашање што се одржаа во Монт Пелерин, Швајцарија, во ноември минатата година, лидерите се состанаа на 1 декември и донеса одлука дека во јануари ќе биде одржана меѓународна конференција за ова прашање.
На вториот ден од преговорите беше разговарано за поделбата на администрацијата и надлежностите, ЕУ, како и за економијата. На последниот ден од преговорите страните излегоа со предлози на мапи, односно административна поделба на територијата.
Кипарското прашање се состои од шест основни точки: економија, Европска Унија (ЕУ), имот, поделба на надлежноста и администрација, територијална поделба и безбедност и гаранција.