Dejan Maksimoviç
11 Јуни 2016•Ажурирај: 12 Јуни 2016
САРАЕВО (AA) – Во првиот натпревар од денешната програм на Европското првенство во фудбал, кое се одржува во Франција, репрезентацијата на Швајцарија ја совлада Албанија со 1:0. Со тоа Швајцарците по натпреварот од првото коло во групата „A“ на врвот од табелата заедно со Французите, кои исто така имаат три бода и идентична гол разлика, јавува Anadolu Agency (AA).
Швајцарија ја доведе во водство веќе во петата минута Фабиан Шар кој најдобро се снајде по уфрлувањето од корер од Џердан Шакири. Се испостави дека тоа беше гол вреден за победа. На своите колеги репрезентивци дополнително им ја отежна работата капитенот на албанската репрезентација Лорик Цана, кој е исклучен во 36 минута поради втор жолт картон.
Во продолжение од натпреварот доминираа Швајцарците, но не успееа да го совладаат албанскиот чувар на мрежата. Вреди да се нагласи дека во два наврати Албанија не искористи шанси за изедначување.
Во второто коло од групата „A“ на 15 јуни ќе се сосатанат Романија- Швајцарија и Франција-Албанија.