Dejan Maksimoviç
11 Јуни 2016•Ажурирај: 12 Јуни 2016
САРАЕВО (AA) – Искусниот дефанзивец на француската репрезентација Патик Евра (35) смета дека целата нација може да биде горда на него и соиграчите по тешката победа со 2:1 против Романија на синоќешното отворање на Европското првенство, јавува Anadolu Agency (AA).
Французите пред нешто повеќе од 80. 000 гледачи, од кои повеќето беа на домашните навивачи на „Stade de France“ до триумф стигна со погодогот на Димитри Пајета во самиот финиш на натпреварот, во 89 минута.
„Франција не одигра меч од натпреварувачки карактер две години, пасе плашевме за средбата со Романија. Бевме многу срамежливи во првото полувреме, но морам да им честитам и на романските играчи. Многумина мислеа дека ќе биде лесно да се победат, но нашиот селектор предупредуваше дека тоа нема да биде лесно. Пред натпреварувањето велев дека сакам да направиме нашите навивачи да бидат горди на овој тим. Мислам дека по средбата со Романија можат да бидат горди на нас", рече Евра за француските медиуми.
Франција со триумф над Романија стаса до важни три бода на отворањето на натпреварувањето во групата „A“ на ЕУРО 2016 кое се одржува во нивната земја. Во наредното коло триколорите на 15 јуни триколорите ќе се состанат со Албанија на стадионот „Velodrome“ во Марсеј.