Betül Yürük
11 Август 2016•Ажурирај: 12 Август 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Државниот секретар на Министерството за надворешни работи на Швајцарија, Ив Росје истакна дека ставот на турската Влада кон пучистите е правилен, а не се правилни „заканувачките“ и „агресивните“ изјави против Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Росје даде важни изјави за швајцарските весници „Тагес анзејгер“ и „Дер бунд“, во врска со обидот за државен удар на насилниот терористички култ ФЕТО на 15 јули и во врска со ставот на турската Влада кон пучистите и мерките што ги презеде.
- „Ердоган се обидува да ја исчисти својата држава и не треба да биде потценуван“ -
На прашањето за тоа дали мерките што ги презеде Владата по обидот за државен удар се загрижувачки или не, Росје одговори:
„Ердоган се обидува да ја исчисти својата држава и не треба да биде потценуван. Непочитувањето на правната држава е катастрофа, но видете, Партијата АК и опозицијата се обединија против ударот и дадениот одговор на ударот е нормален. Ударот е катастрофа. Замислете, во Швајцарија армијата да го нападне Собранието, на ист начин ќе беше реагирано и ќе имаше приведувања“.
Росје нагласи дека турскиот народ без страв излезе на улиците и на тој начин ударот не успеа. Тој вели дека со „заканувачките“ и „агресивните“ изјави против Турција, не може да се постигне ништо.
Нагласувајќи дека Швајцарија стои зад Турција против ударот и дека дијалогот со Турција треба да продолжи, Росје додаде: „Турција, во последно време, особено во времето на Партијата АК и Ердоган, направи голем напредок и една модерна заедница“.