Ala er-Rimavi,Afra Aksoy
11 Август 2016•Ажурирај: 12 Август 2016
ЕРУСАЛИМ (АА) - Во Ерусалим, десетици еврејски жители со полициска придружба влегле во дворот на Месџид Ал-Акса, јавува Anadolu Agency (AA).
Одговорниот во Месџид Ал-Акса, Омер ел-Кисвани, изјави дека 105 еврејски доселеници, под цврсти безбедносни мерки на израелската полиција, влегле во дворот на Месџид Ал-Акса.
Кисвани вели дека во последно време се зачестиле влегувањата на еврејските доселеници во дворот на Акса.
„Вчера 120 еврејски доселеници влегоа во дворот на Акса. Влегувањата на еврејските доселеници во Акса се претворија во организирано движење. Освен доселениците, во групата се и надлежни лица од Организацијата за историски еврејски монументи, деца, учители од верски училишта и надлежни лица од областа на безбедноста“.
Израелската власт, од 2003 година наваму ги прима еврејските доселеници под полициска заштита во дворот на Акса, а понекогаш за влегувањето на муслиманите става ограничување во возраста.
Голем број радикални израелски организации и политичари бараат Харем-и Шериф да се отвори за извршување верски должности поради тоа што тие веруваат дека над него се наоѓал претходно двапати срушен еврејски храм. Израелските власти им дозволија на Евреите да влегуваат во дворот на Ал-Акса, но не им дозволува да извршуваат верски обреди таму.