Diyar Güldoğan
01 Јуни 2016•Ажурирај: 02 Јуни 2016
АНКАРА (АА) - Шест цели на терористичката организација ПКК беа уништени од страна на Турски воени авиони во областа Метина, во северен Ирак, изјави армијата денес, јавува Anadolu Agency (AA).
Според извештајот на Турскиот Генералштаб, воените авиони лансирале воздушни операции доцна синоќа, уништувајќи складишта со муниција и засолништа.
ПКК - која се наоѓа на листата на терористички организација од страна на Турција, САД, и ЕУ - ја продолжи својата 30 годишна вооружена кампања против Турција во јуло 2015 година.
Оттогаш, повеќе од 500 припадници на безбедносните сили, вклучувајќи трупи, полицајци и селски чувари, загинаа и преку 4,900 терористи на ПКК се убиени во операциите ширум Турција и северен Ирак.