Турција, Коронавирус

Турција администрираше рекорден дневен број дози од вакцините против Ковид-19

„Турција администрираше над 34,6 милиони дози од вакцините против Ковид-19, откако започна масовната кампања за вакцинација во јануари, вклучувајќи ги и првите дози на речиси една четвртина од населението во земјата од околу 83,6 милиони“

Burak Dağ  | 15.06.2021 - Обновена : 16.06.2021
Турција администрираше рекорден дневен број дози од вакцините против Ковид-19

АНКАРА

Турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, изјави дека Турција вчера администрирала над 842.000 вакцини против коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Коџа напиша на Твитер дека 842.494 вакцини биле администрирани вчера, додавајќи: „Администриравме 92.494 повеќе дози од нашата цел.“

„Турција администрираше над 34,6 милиони дози од вакцините против Ковид-19, откако започна масовната кампања за вакцинација во средината на јануари, вклучувајќи ги и првите дози на речиси една четвртина од населението во земјата од околу 83,6 милиони“, соопшти Министерството за здравство.

Повеќе од 20 милиони луѓе ги добија своите први дози, додека речиси 13,7 милиони се целосно вакцинирани, според податоците на Министерството.

Турција пријави 5.626 нови случаи со коронавирус, вклучително и 428 симптоматски пациенти, во последните 24 часа. Бројот на нови случаи во неделата беше 5.012.

Вкупниот биланс на случаи во земјата е над 5,33 милиони, додека бројот на починати од последиците на вирусот во целата земја достигна 48.795 со 74 нови жртви.

Коџа подоцна објави на Твитер дека од денес ќе започнат термините за вакцинација за сите вработени поврзани со Турската институција за социјално осигурување (SGK).

За да се спречи ширењето на вирусот, во Турција во моментов има полициски час од 22 часот до 5 часот наутро од понеделник до сабота и целосно затворање во неделите.

Од декември 2019 година, пандемијата однесе над 3,8 милиони животи во 192 земји и региони, со повеќе од 176,2 милиони случаи пријавени низ светот, според американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.