Furkan Abdula
14 Јуни 2021•Ажурирај: 16 Јуни 2021
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 4 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 155.540, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие почина едно лице, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 5.472.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 14 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на оздравени изнесува 149.642.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 426.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 1.337 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 835.436 тестирања.