Mahmut Atanur
23 Септември 2020•Ажурирај: 24 Септември 2020
ЏАКАРТА (АА) - Индонезискиот претседател Џоко Видодо истакна дека сите земји треба да имаат еднаков пристап до вакцината за новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Видодо преку видеоконференција се обрати на 75. Генерално собрание на Обединетите нации (ОН).
„Вирусот не познава никакви граници меѓу земјите. Никој не е безбеден сѐ додека сите не бидат безбедни. Ние мора да работиме заедно за да осигураме дека сите земји ќе имаат еднаков пристап до вакцината“, нагласи Видодо.
Посочувајќи на важноста на соработката во борбата против Ковид-19, Видодо нагласи дека вакцината ќе биде „клучен играч“ во војната против епидемијата.
Наведувајќи дека Обединетите нации (ОН) се организација создадена за заштита на мирот и безбедноста во светот, Видодо истакна дека ОН треба да бидат почувствителни и поефикасни во решавањето на различните глобални предизвици.
Додавајќи дека во различни земји во светот продолжуваат конфликтите, Видодо истакна дека ОН во однос на реформите и ефективноста треба да се подобрат.
Видодо исто така истакна дека Индонезија ќе продолжи да ја поддржува Палестина во однос на независноста и стекнувањето на нејзините права.