Mahmut Atanur
16 Февруари 2020•Ажурирај: 17 Февруари 2020
ЏАКАРТА (АА) - Земјотрес со јачина од 5,8 степени ја погоди индонезиската покраина Малуку, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Институтот за метеорологија, клима и геофизика на Индонезија соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на отворени води, 117 километри северозападно од подрачјето на Источен Серам.
Според ова соопштение, земјотресот со јачина од 5,8 степени се случил на длабочина од 28 километри.
Не се дадени информации околу тоа дали има жртви или материјална штета во земјотресот.
Пацифичкиот центар за цунами по земјторесот не алармира за можност од цунами.