Berk Özkan
15 Февруари 2020•Ажурирај: 17 Февруари 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, оствари телефонски разговор со претседателот на САД, Доналд Трамп, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ова преку соопштение го потврди Одделот за комуникации при турското Претседателство.
Во соопштението се вели дека двајцата претседатели разговарале за билатералните прашања, како и за настаните во регионот.
Ердоган и Трамп нагласиле дека нападите на режимот се неприфатливи, а размениле мислења за тоа веднаш да се стави крај на кризата во Идлиб.
Според соопштението, двајцата лидери укажале на важноста од повторно воспоставување на мирот и стабилноста во Либија.
Претседателите на Турција и САД постигнале усогласување за повторно започнување на преговорите реализирани со цел зголемување на обемот на билатералната трговија на 100 милијарди долари.