Fuat Kabakcı
16 Февруари 2020•Ажурирај: 17 Февруари 2020
ПЕКИНГ (АА) - Билансот на починати во Кина од новиот тип коронавирус (Ковид-19) порасна на 1.666 лица, додека бројот на заразени лица се искачи на 68.500 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националната здравствена комисија на Кина објави соопштение во врска со последните случувања поради епидемијата на Ковид-19 во земјата, во кое се наведува дека бројот на сомнителни случаи изнесува 8.288, додека бројот на лица што се задржани под надзор со образложение дека имале контакт со заразени лица, се намалил на 158.754 лица.
Бројот на лица што починаа од овој вирус, вклучувајќи го и оној во Хонгконг, се искачи на 1.666 лица.
Исто така, бројот на лица кај кои е откриен овој вирус се зголеми на 68.500 лица, од кои 11.272 лица се наоѓаат во тешка здравствена состојба, додека 9.419 лица биле излекувани и отпуштени од болница.
Само во последните 24 часа, како резултат на овој вирус починаа 142 лица, а откриени се нови 2.009 случаи.