Fuat Kabakcı
22 Февруари 2020•Ажурирај: 22 Февруари 2020
ПЕКИНГ (АА) - Билансот на починати во Кина од новиот тип коронавирус (Ковид-19) порасна на 2.347 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националната здравствена комисија на Кина објави соопштение во врска со последните случувања поради епидемијата на Ковид-19 во земјата, во кое се наведува дека во последните 24 часа откриени се нови 397 случаи, со што бројот на лица кај кои е откриен овој вирус се зголеми на 76.288 лица, од кои 11.477 лица се наоѓаат во тешка здравствена состојба.
Само во последните 24 часа како резултат на заболување со коронавирусот починаа 102 лица, додека бројот на лица што починаа од овој вирус, вклучувајќи го и оној во Хонгконг, се искачи на 2.347 лица.
Се вели дека бројот на сомнителни случаи изнесува 5.365, додека бројот на лица што се задржани под надзор се намалил на 113.564 лица.
Според соопштеното, над 20.000 лица биле излекувани и отпуштени од болница.