Betül Yürük
22 Февруари 2020•Ажурирај: 24 Февруари 2020
ЊУЈОРК (AA) – Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш повика на воспоставување на прекинот на огнот и запирање на насилството и хуманитарната катастрофа во сирискиот регион Идлиб, јавува Агенција Анадолија (АА).
Гутереш на новинарите во седиштето на Обединетите нации во Њујорк им рече дека во северозападниот сириски регион системски се крши хуманитарното право и дека во тој регион поради судирите се раселени близу 900.000 лица и дека децата умираат од студ.
Истакнувајќи дека 2,8 милиони луѓе на северозападот на Сирија се зависни од хуманитарна помош, Гутереш ги повика донаторите да соберат половина милијарда долари колку што е потребно за цивилите кои во изминатите половина година се раселени во Идлиб.
„Сириските власти со поддршка на руските воздушни напади веќе речиси година дена изведуваат напади во тој регион. Овој месец се случија смртоносни судири помеѓу силите на Турција и Сирија. Сето тоа, во екот на се поголемата драматична хуманитарна ситуација, води кон непредвидливи последици кои носат сериозни ризици", рече Гутереш.
Тој повика на воспоставување на прекинот на огнот и запирање на хуманитарната катастрофа за да се спречи ескалација на тензиите кои би можеле да излезат од контрола.