Servet Günerigök
30 Декември 2021•Ажурирај: 31 Декември 2021
ВАШИНГТОН
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, го осуди грабежот во објектите и складот за храна на ОН во Судан, ден откако беше нападнат објектот на Светската програма за храна во Ел Фашер во суданскиот регион Дарфур, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Ограбени се над 1.900 метрички тони прехранбени производи кои беа наменети месечно да нахранат 730.000 загрозени луѓе“, изјави Стефан Дужарик, портпаролот на Гутереш.
Залихите со храна беа подарени на суданските власти за цивилна употреба.
„Генералниот секретар жали поради загубата на помошта и другата опрема и залихи наменети за доброто во заедниците на Дарфур“, изјави Дужарик.
Гутереш исто така ја повика Владата на Судан да воспостави ред.
„Генералниот секретар дополнително ги повикува суданските власти да осигурат безбедна работна средина и извршување на преостанатите операции на ОН во Ел Фашер“, рече Дужарик.