Ömer Tuğrul Çam
30 Декември 2021•Ажурирај: 31 Декември 2021
БРИСЕЛ
Кината и театрите во Белгија се повторно отворени со судска одлука со која е поништена владината одлука од минатата недела за нивно затворање во рамките на борбата против ширењето на коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Надлежната канцеларија на белгиската Влада соопшти дека судот ги прифати жалбите и дека е укината одлуката за затворање на културните установи.
Во соопштението се наведува дека во театрите, киносалите и концертните сали ќе можат истовремено да бидат максимално 200 лица.
Судот не ги прифати жалбите врзани за владината одлука за забраната на присуство на гледачи во спортските арени, па таа забрана останува на сила.
Владата на Белгија, во рамките на борбата за спречување на ширењето на коронавирусот, на 22 декември воведе рестриктивни мерки. Од културните установи се жалеа од тоа што кината и театрите се затворени, а рестораните и кафетериите продолжија да работат. Судот ја прифати жалбата и нареди отворање на културните установи.