Amina Zorniç
17 Јануари 2016•Ажурирај: 20 Јануари 2016
ЊУЈОРК (АА) - Тим на истражувачи од универзитет "Мери-Пјер Сент-Оње" во Њујорк, тврди дека меѓу квалитетот на храната и квалитетот на сонот постои нераскинлива врска, јавува Anadolu Agency (АА).
Истражувањата покажаа дека луѓето кои пред спиење внесуваат хамбургери или колачиња имаат проблеми со спиењето.
Слатката храна, според една студија, значително го нарушува сонот и предизвикува телото следниот ден да консумира храна со слична содржина.
"Високата доза на шеќер во организмот се покажа дека лошо влијае врз организмот, а лицата кои го внесуваат имаат потешкотии со спиењето , посебно имаат проблем со заспивањето" велат од Универзитетот.
Консумирањето на зачинета храна пред спиење, исто така, е лош избор, поради оптоварувањето што таа храна ги предизвикува на дигестивниот тракт.
Исто така, одредени студии покажале дека зачинета храна пред спиење го зголемува ризикот од кошмари.
Мрсната и пржена храна пред спиење не се препорачува, поради формирање на масни наслаги.
Од Универзитетот во Њујорк порачуваат дека храна пред спиење може само ако се изберат вистинските намирници. Се препорачува протеинска храна, храна богата со јаглехидрати и незаситени масти.