Islam Doğru
18 Септември 2023•Ажурирај: 19 Септември 2023
ЊУЈОРК (АА) - Министерот на турското МНР, Хакан Фидан, синоќа во Њујорк се состана со заменик-премиерот на Ирска и министер за надворешни работи и одбрана, Мајкл Мартин, известува Анадолу.
Фидан престојува во Њујорк по повод Генералното собрание на Обединетите нации (ОН).
Турскиот министер го одржа својот прв билатерален состанок на маргините на Генералното собрание на ОН со потпретседателот на Владата на Ирска и министер за надворешни работи и одбрана, Мартин, во зградата на Туркеви (Турска куќа).

Турското МНР соопшти дека во текот на средбата се разговарало за билатералните односи и меѓусебните посети на високо ниво.
Двајцата министри разговарале и за Иницијативата за црноморското жито и односите на Туркије и ЕУ.