Abdullah Aşıran
16 Мај 2018•Ажурирај: 17 Мај 2018
ХАГ (АА) - Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОЗХО) го објави извештајот во врска со нападот извршен врз местото Серакиб во подрачјето на Идлиб на 4 февруари, јавува Anadolu Agency (AA).
Во извештајот се наведува дека Мисијата за откривање на ситуацијата спровела истрага и експерименти, според кои е откриено дека во нападот врз местото Серакиб во подрачјето на Идлиб на 4 февруари, најверојатно е користен хлорен гас.
Во извештајот се истакнува дека резултатите се добиени според истражувањата и експериментите спроведени врз база на наодите од самото место.
Генералниот директор на ОЗХО, Ахмет Узумџу, во врска со извештајот изјави: „Најостро ја осудуваме употребата на хемиско оружје, независно од кого е користено и од какви причини. Овој вид активности, целосно е во спротивност со нормите на Договорот за хемиско оружје“.
Извештајот е доставен до Советот за безбедност на ОН и засегнатите држави.