Vesna Besiç
20 Февруари 2016•Ажурирај: 21 Февруари 2016
ИДЛИБ (AA) - Руските воени авиони го бомбардираа автопатот во близина на населбата Серакиб на североистокот на Идлиб, јавува Anadolu Agency (AA).
Во текот на бомбардирањето запалени се возилата кои во тој момент се наоѓаа на автопатот.
Интервенираа противпожарникарните екипи, а уште нема податоци дали има мртви и повредени во овој напад.
Руските воздушни сили изведуваат напади во Сирија од крајот на септември минатата година. Иако акциите се најавени во рамките на борбата против терористите на ДАЕШ, руските авиони не престануваат да ги гранатираат упориштата на умерената сириска опозиција во Идлиб, Хомс, Хама и Алепо. Мета на руските напади се цивилното население, а и хуманитарните коридори со кои на цивилите им се доставува помошта.