Ali Mukarrem Garip
11 Март 2016•Ажурирај: 12 Март 2016
КИРКУК (AA) - Девојчето Фатма Семир поради последиците од користење на хемиско оружје од терористичката организација ДАЕШ во местото Таза Кхурмату, во близина на ирачкиот Киркук, почина утринава, јавува Anadolu Agency (AA).
Терористичката организација ДАЕШ во прилика на нападот на Таза Кхурмату кој го изведе во среда на 9 март, користеше хемиско оружје, поради што најмалку 30 лица се соочија со повреди и ризик од гушење.
Директорот на државната болница во Таза Кхурмату Ахмед Хаидар рече дека 2,5 годишно девојче беше хоспитализирано пред два дена, а утрово почина.
"Фатма Семир поради напад со хемиско оружје пред два дена е хоспитализирана. Поради влијанието од нападот со тешко хемиско оружје, сериозно е оштетен нејзиниот респираторен систем. Покрај тоа, имаше и неколку изгореници по телото. За жал, нејзиниот огранизам можеше да ги издржи повредите само два дена", рече Хаидар.
Генерашниот директор на Туркмненскиот фронт во Ирак (ITC) и застапникот во Парламентот Есхрет Салихи рече дека опасноста во Таза Кхумарту трае и понатаму.
"Потребна ни е меѓународна поддршка. Таза Кхумарту е во сериозна опасност.ДАЕШ би можел да продолжи со нападот на хемиско оружје на Таза Кхумарту. Луѓето почнаа да бегаат поради тоа што се наоѓаат во животна опасност"; предупреди Салихи.
ДАЕШ во средата од местото Бешири изведе воздушен напад со хемиско оружје на Таза Кхумарту. После нападот, бројни граѓани побараа медицинска помош поради проблемот со дишење и опекотини по телото.
Во Киркук, по нападите организирани се демонстрации со цел да се укаже на сериозноста на ситуацијата. Демонстрантите го блокираа патот помеѓу Киркук и Баград, палена оган и бараа итно реагирање на ирачката влада.