Sayed Khodaberdi Sadat
11 Март 2016•Ажурирај: 12 Март 2016
МЕЗАР - И ШЕРИФ (АА) - Најмалку десет Талибанци се убиени во акциите кои се изведени во северен Авганистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Акциите кои беа изведувани во изминатите пет дена се веќе завршени, потврди командантот на бригадата Хасибулах Курејш.
Во текот на овие пет дена, убиени се десет талибанц, а 19 беа фатени со оружје во рацете. Kурејш објасни дека 13 села се ослободени од Талибанците.
Талибанците соопштија дека за време на акцијата дошло до судир со припадници на силите за безбедност и дека има и мртви.