Mahmoud Barakat
17 Февруари 2016•Ажурирај: 18 Февруари 2016
ИДЛИБ (АА) - Одредени соби во болницата во Ракаја се наоѓаат на длабочина од шест метри под земја, а не се користат како привремена мртовечница, јавува Anadolu Agency (AA).
Нивната намена е да ги сочуваат пацитентите и медицинскиот персонал живи во земјата, која толку е навикната на смртта.
Фармацевтот Амер ал-Салум за АА изјави дека единствено со копање под земја и таквото продлабочување на собите може да се спасат пациентите и докторите од честите руски и режимски воздушни напади, но не е идеално место за чување на лековите поради големата влажност.
Горивото за електричните генератори, кои се користат за подземните соби, тешко се наоѓа и честопати не е доволно.
И покрај тоа, Салум верува дека „маката под земја е многу подобра од соочувањето со смртта или ампутацијата”.
Лоцирана во близина на градот Идлиб, теренската болница работи со пациентите од војната уште од започнувањето на конфликтот во 2011 година.
Скоро 50.000 лица се третирани за различни повреди како резултат на воените дејствија. Тие се третираат на местото на настанот, бесплатно, и покрај фактот што болницата е многу слабо опремена и работи со мал персонал поради финансиски ограничувања.
Управителот на теренската болница, др. Абдо Кандах за Anadolu Agency (АА) рече дека болницата примила огромен број на тешко ранети од воздушните напади.
Според Сириската мрежа за човекови права, руски воени авиони, од септември 2015 година, таргетирале 163 објекти во Сирија, вклучувајќи болници, училишта и џамии.