Gamze Türkoğlu Oğuz
17 Февруари 2016•Ажурирај: 21 Февруари 2016
САРАЕВО (АА) - Компанијата "Apple" не е согласна со барањето на американскиот суд во кое се бара од компанијата да помогне во отклучувањето на телефонот на Сајед Фарук, кој со сопругата во декември, минатата година во Сан Бернардино во терористички напад уби 14 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Челникот на "Apple", Том Кук, изјави дека компанијата е подготвена да им помогне на истражителите од Федералното биро (FBI), но дека пробивањето на шифрите на ајфонот на напаѓачот претставува опасен потег со несогледливи последици по компанијата и безбедноста на податоците на сите корисници на Ајфон уредите
„Сакаат да направиме споредна врата за влез во Ајфон. Таа техника после би можела да се применува на сè. Тоа би било како да сме добиле клуч кои ги отвора сите брави на сите ресторани, банки и дуќани. Ниедна разумна личност тоа не би го прифатила”, рече Кук, пренесе Би Би Си.
Фарук со својата сопруга, Ташфин Малик, се идентификувани како напаѓачи во декемврискиот терористички напад во Сан Бернардино во кој убија 14 лица. Во рамките на истрагата, ФБИ не може да го отклучи телефонот на Фарук бидејќи е заклучен со шифри кои ги нуди софтверот на "Apple". Напаѓачите беа убиени во операција на американската полиција, а податоците од нивните телефони би можеле да бидат клучни за истрагата за нивната поврзаност со терористичките организации.