Ekipa
18 Јули 2016•Ажурирај: 18 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Дваесет и седум генерали и адмирали, меѓу кои е и Акин Озтурк, поранешниот командант на воздухопловните сили, беа испратени на суд во Анкара, јавува Anadolu Agency (AA).
На осомничените, кои под засилени безбедносни мерки на специјалната полиција беа доведени на суд, ќе им судат јавните обвинители од Бирото за истрага на кривичните дела извршени против уставниот поредок.
Под засилени безбедносни мерки, турската полиција ги префли 27-те генерали и адмиралот на војската во притворот во зградата на Правосудството во Анкара.
Тие претходно беа приведени во рамките на истрагата за неуспешниот обид за државен удар што во петокот го изведоа припадниците на вооружените сили лојални на терористичката организација Фетулахџи/Паралелна државна структура (ФЕТО/ПДЈ).
Откако е завршена постапката над приведените во рамките на истрагата за обидот за државен удар во Турција, Обвинителството во Анкара издаде налози за апсење и одреди мерка притвор за 27-те осомничени генерали и за адмиралот на турската војска.
Групата осомничени генерали и адмиралот утрово, во придружба на специјалните полициски сили, префрлени се од полицијата во зградата на правосудството. Меѓу нив е и поранешниот командант на воздухопловните сили на турската војска Акин Озтурк, првиот осомничен за започнување на обидот за државен удар.
Притворените генерали и адмиралите во продолжение на истрагата ќе бидат изведени пред обвинителите на Одделот за истраги за кривични дела извршени против уставниот поредок.