Filiz Kınık,Metin Tokgöz
17 Јули 2016•Ажурирај: 18 Јули 2016
ИСТАНБУЛ (АА) – На аеродромот Сабиха Ѓокчен приведени се 11 војници кои дале своја поддршка во обидот за државен удар од страна на терористичката организација ФЕТО, чиј лидер е Фетулах Ѓулен, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации, екипи од огранокот на Дирекцијата против тероризам од Истанбул, пристигнаа во воената станица на аеродромот Сабиха Ѓокчен, во рамките на истрагата за учество во државен удар од страна на членовите на организацијата ФЕТО.
Пред воената станица, двајцата војници кои држеле стража, откако ги приметиле полициските екипи, отвориле оган во воздух. Со акција на полициските екипи, биле приведени 11 војници кои учествувале во обидот за воен удар.
Се дознава дека при случката нема повредени и мртви, иако за време на приведувањето дел од војниците им дале отпор на бебедносните сили.
Од друга страна, можеше да се забележи дека полициските екипи затворија дел од патиштата кои водат кон аеродромот. Иако беа преземени големи безбедносни мерки, на аеродромот пристигнаа голем број граѓани со своите возила, кои во рацете носеа турски знамиња.