Sertaç Bulur
17 Јули 2016•Ажурирај: 18 Јули 2016
АНКАРА (АА) - Како дел од истрагата во врска со обидот за државен удар, кој во петокот вечерта се обиде да го изврши една група војници лојални на терористичка организација ФЕТО/ПДЈ, беше приведен поранешен командант на воздухопловните сили на Турција, генерал Акин Озтурк, јавува Anadolu Agency (AA).
АА дојде до првите слики и видео снимки на Озтурк против кого трае постапка во Одделението за борба против тероризмот.
Озтурк, беше уапсен минатата ноќ и донесен на Одделението за борба против тероризмот, обвинителството во Анкара.
На снимките и фотографиите може да се види како Озтурк стои со рацете на грбот врзани со лисици на рацете.
Покрај него, уапсени се и неколку генерали против кои е започната истрага.
Генералите кои биле вклучени во обидот за државен удар, подоцна ќе бидат изведени пред обвинител.
Поранешниот командант на воздухопловните сили на Турција, генерал Акин Озтурк и командант на Одделот за поддршка и обука на вооружените сили на Турција, генерал Метин Лудил ќе бидат обвинети за велепредавство.
Двајцата генерали пред судот да се најдат под обвинение за велепредавство. Тие ќе бидат обвинети за водење со државен удар и планирање на неговото реализирање.