свет

Израелски претставници: Нетанјаху загрижен поради можен налог за негово апсење од МКС

Нетанјаху бил „неприродно исплашен и загрижен“ поради можноста за налог за апсење од страна на Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг

Ekrem Biçeroğlu, Said Amori  | 28.04.2024 - Обновена : 29.04.2024
Израелски претставници: Нетанјаху загрижен поради можен налог за негово апсење од МКС

КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е загрижен дека Меѓународниот кривичен суд (МКС) би можел да издаде налог за негово и апсење на други високи претставници, пренесува Анадолу.

Нетанјаху бил „неприродно исплашен и загрижен“ поради можноста за налог за апсење од страна на МКС во Хаг, пишува весникот „Маарив“, цитирајќи неименувани извори.

Нетанјаху во изминатите денови телефонски разговараше со меѓународни лидери и официјални претставници, меѓу кои и со американскиот претседател Џо Бајден, за да спречи издавање налог за апсење.

„Под мое водство, Израел никогаш нема да прифати каков било обид на МКС да го поткопа неговото инхерентно право на самоодбрана. Заканата за приведување на војници и службеници на единствената демократија на Блискиот Исток и единствената еврејска држава во светот е скандалозно. Нема да спуштиме глава на тоа“, напиша Нетанјаху на Х во петокот.

Израел спроведува брутална офанзива врз Појасот Газа по прекуграничниот напад на палестинската група Хамас на 7 октомври, во кој Тел Авив вели дека загинале околу 1.200 лица.

Оттогаш, во израелските напади врз Појасот Газа загинати се речиси 34.400 Палестинци, главно жени и деца, а над 77.400 се повредени.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата. Привремената пресуда во јануари му нареди на Тел Авив да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да гарантира дека хуманитарната помош ќе стигне до цивилите во Газа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.