Orhan Onur Gemici
16 Октомври 2019•Ажурирај: 17 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Од 186 лица фатени во Турција во акциите насочени против луѓето кои на социјалните мрежи ширеа дезинформации за операцијата „Извор на мирот“, уапсени се 24 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Киберединиците, во координација со Министерството за внатрешни работи на Република Турција, продолжуваат со целодневната контрола на виртуелните содржини, а во соглсност со превентивните мерки за заштита на уставниот поредок, државните структури и општата безбедност. Во согласност со тоа, зајакнати се активностите насочени против корисниците кои ја величаат терористичката организација и шират дезинформации за операцијата „Извор на мирот“, започната на 9 октомври.
На 839 профили се евидентирани објави со карактеристики на кривични дела, а меѓу нив има 62 налози со кои се управува од Германија, Велика Британија и Франција.
Приведени се 186 лица, од кои 24 се уапсени. Со мерки за забрана се ослободени 40 лица, а ослободени се 78. Процесуирањето на останатите лица е во тек.