Erkan Avci
24 Февруари 2016•Ажурирај: 26 Февруари 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Пред седиштето на Федералното истражно биро (FBI) во Вашингтон одржани се протести за поддршка на компанијата "Apple" поради барањето на ФБИ компанијата да го отклучи телефонот на Сајед Фарук, кој заедно со својата сопруга изведе терористички напад во Сан Бернардино во кој загинаа 14 лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Групата формирана на социјалните мрежи под името „Војна на иднината” организираше протести пред седиштето на ФБИ, а демонстрантите носеа транспаренти со пораките „Не ги отклучувајте нашите телефони”, „Безбедни телефони спасуваат живот” и „Коми, рацете подалеку од нашите ајфони”.
Демонстрантите порачаа дека го поддржуваат челникот на "Apple", Тим Кук.
ФБИ со посредство на судот упати барање до "Apple" за отклучување на телефонот на напаѓачот. Челникот на "Apple", Кук, претходно изјави дека компанијата е подготвена да им помогне на истражителите, но дека дешифрирањето на Ајфонот на убиецот би бил опасен потег со несогледливи последици по компанијата и беабедноста на податоците на сите корисници на "Apple" уредите.
Фарук и неговата сопруга, Тешвин Малик, се идентификувани како напаѓачи кои во декемврискиот терористички напад во Сан Бернардино убија 14 лица. Во рамките на истрагата ФБИ не може да го отклучи телефонот на Фарук бидејќи е заштитен со шифри кои ги нуди софтверот на "Apple". Напаѓачите беа убиени во операцијата на американската полиција, а податоците од нивните телефони би можеле да бидат клучни за истрагата за нивната поврзаност со терористичките организации.